Специјална понуда за сервис од Opel

Многумина од нас мораа да останат дома. Но, сите знаеме дека нашите возила може да ни бидат потребни во многу случаи и дека во овој период мобилноста може да биде од особена важност. Во согласност со актуелните околности, сервисите на Opel воведоа различни изолациони, заштитни и хигиенски (вклучително и дезинфекциски) процедури*, како во процесот на поправката, така и при примопредавањето на возилата.

Дури и кога не сте присутни во сервисот, на вашето возило се извршуваат повеќе од 30 проверки. Со програмата myDigitalService, вашиот Opel партнер ве информира за состојбата на вашето возило, па дури може и да ви испрати видео записи за сите неопходни поправки, кои можете да ги погледнете и да ги одобрите веднаш онлајн.

*Наведените мерки /процедури се само како информација и се однесуваат на сервисите на Opel кои учествуваат во целосна примена на истите. За детали за индивидуалните услуги и за изолационите, заштитните и хигиенските (вклучително и дезинфекциски) мерки, ве молиме да контактирате со вашиот Opel Сервис.