ПРОВЕРКА НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗИЛОТО
12 минути просветлување
Проверката на состојбата на возилото е наменета да ви даде комплетна слика за состојбата на вашиот Opel.
На тој начин ќе бидете сигурни дека вашето возило е во врвна состојба без оглед каде планирате да возите.
Нашите искусни техничари ја вршат визуелната проверка за 12 минути и даваат електронски извештај со детали за сите наоди. За секоја потребна интервенција ќе добиете конкурентна проценка, а ваша ќе биде одлуката што и кога ќе се прави.*
Едноставен "семафор" систем точно ви покажува колку е безбеден и одржан секој дел од вашето возило и дали се препорачува некоја поправка или замена на одредени ставки.
Црвени ставки
Треба итно да се посвети внимание. Може да биде незаконски или небезбедно да се вози возилото во ваква состојба. Сè што е означено со црвено, треба веднаш да се поправи.
Жолти ставки
Жолтото покажува дека нешто не е во ред. Сервисниот советник ќе ве посоветува колку итно треба да се поправи таков дефект. Средете го тоа пред да стане полошо, веројатно ќе заштедите многу време и пари.
Зелени ставки
Добри вести. Не треба да се грижите за зелените ставки, барем не до следниот сервис.
Нашиот искусен персонал целосно ќе ви го објасни извештајот и ќе ви помогне да одлучите што треба да направите, ако воопшто треба.
Ако имате креиран профил на myOpel, ќе добиете преглед на наодите во PDF-формат за ваша евиденција, а жолтите и црвените ставки ќе бидат означени како потсетници за сервис, со можност да ја закажете поправката онлајн кај вашиот сервисер.
Закажете термин за бесплатна визуелна проверка кај нашите сервисери и дознајте за состојбата на вашето возило!
* Резултатите од извршената проверка на возилото се засноваат исклучиво на визуелна, површинска проверка. Имајте предвид дека скриените дефекти кои не можат да се откријат со визуелна, површинска проверка, ќе можат да се откријат само со комплетна проверка на возилото (ако и само ако тоа е технички возможно). Проверката на возилото извршена од Opel сервис ја отсликува момнеталната состојба на возилото и сервисот нема да биде одговорен за било каква штета на возилото која може да се појави подоцна, за било каква штета која е резултат на латентни дефекти. Проверката на состојбата на возилото извршена во Opel сервисите кои учествуваат во програмата, ви дава сеопфатна слика за состојбата на вашиот Opel. На овој начин можете да бидете сигурни дека вашето возило е во топ форма, без оглед каде сакате да одите со него. Нашите искусни техничари вршат висуелна проверка за 12 минути и креираат електронски извештај за наодите. Ќе добиете конкурентна проценета вредност за работата која треба да се изврши и вие ќе одлучите што и кога треба да се направи.