навигацискиот систем во вашиот Opel 

Бидете во тек со промените и избегнувајте непотребни кружења: надградете го навигацискиот систем во вашиот Opel.

Совршено разбирливо е доколку повеќе не проверувате печатени мапи за навигација на долги дестинации и непознати места, туку користите апликации за навигација. Печатените материјали не можат да го следат темпото на промени како онлајн верзиите, бидејќи не се менува само патната мрежа, туку и распонот на достапни услуги, како што се ресторани, бензински пумпи, хотели и сé друго што би ви требало вам или на оние кои патуваат со вас. Користете ажурирани навигациски системи од вашиот Opel за да испланирате патување, да заштедите време и гориво тако што ќе пристигнете точно на вашата дестинација.

За Crossland X, Grandland X и Combo Life, мапата може да ја ажурирате и преземете на следниот начин:
Процес на преземање (потребна е одлична интернет конекција)
1) Користете празен USB стик, најмлаку 32 GB
2) Форматирајте го со “FAT-32 Filesystem”
3) Започнете го процесот на преземање со кликнување на линк за Преземање

КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ДА ГО ЗАПОЧНЕТЕ ПРЕЗЕМАЊЕТО ВЕДНАШ

4) Зачувајте ја датотеката Map-update (Мапа-ажурирање) од серверот на вашиот компјутер (PC) во именувана папка
5) Отпакувајте ја преземената датотека со користење на WinZip (препорачано) во именуваната папка на компјутерот (PC)
- Патека: WinZip  »  Settings  »  WinZip Option  »  expanded
- Осигурете се дека опцијата “Conversion LF to CR/LF at TAR Archive” не е избрана на WinZip пред да започне процесот на отпакување(Unzip).
6) Копирајте ги Unzip папките на вашиот USB стик
7) USB стикот сега може да се користи во вашето возило за ажурирање на мапата
8) Следете ги упатствата на радио дисплејот

Упатства за инсталирање на навигациска мапа во возилото

За време на ажурирањето, навигацијата не е достапна. Ве молиме бидете трпеливи за време на инсталацијата.
Процесот за ажурирање на мапата трае околу еден час. Осигурете дека возилото има доволно моќност во акумулаторот за време на ажурирањето на мапата. За да го извршите ажурирањето, можете да извршите планирани патувања по познати патишта. Употребувајте го навигацискиот систем само доколку условите во сообраќајот овозможуваат негово безбедно користење. Во интерес на безбедноста, можеби е соодветно да го запрете возилото пред да управувате со навигацискиот систем.
Не го отстранувајте USB стикот додека не заврши ажурирањето
Вметнете го USB стикот во USB портата на вашето возило
За сопственици на Combo и Combo Life, користете ја USB портата во рамката на радиото
Изберете ја функцијата за навигација
Кликнете “Yes” (“Да”) за да започне ажурирање на мапата
Изберете map update и кликнете “Install” (“Инсталирај”)
Кликнете “Yes” (“Да”) за да ја ажурирате мапата
Кликнете “Yes” (“Да”) за да финализира ажурирањето на мапата
Откако ќе заврши ажурирањето, системот ќе се рестартира

Вашиот Opel партнер ќе добие и инсталира ажурирана навигациска мапа за вашето Opel возило. За ажурирање на навигациска мапа за Opel модели, посетете го вашиот префериран Opel партнер.