УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

Прирачници за употреба ги содржат сите информации кои ви се неопходни за безбедно и ефикасно ракување со вашиот Opel. Онаму каде се упатува на посета на сервис, препорачуваме да контактирате со Opel Сервис по ваш избор. Добра идеја е овој прирачник секогаш да биде во вашето возило за да ви биде при рака ако ви затреба. Покрај тоа, како корисник на myOpel, сé што треба да направите е да го додадете вашиот ИБВ во виртуелната гаража и соодветниот прирачник ќе ви биде лесно достапен.

Системот за инфозабава е најсовремено средство за забава и информации во возилото. Неговото едноставно функционирање е обезбедено преку добро осмислени контроли, екран осетлив на допир и јасен дисплеј. Преку него можете да управувате со некои апликации за паметни телефони. По ваша желба, системот за инфозабава можете да го управувате преку копчињата на екранот осетлив на допир и контролниот панел, командите на воланот, или, доколку дозволува мобилниот телефон, преку препознавање на гласот.

Прирачниците за употреба и упатствата за системите за инфозабава за секој модел, како и упатствата за фиксирање на тркалата со завртки или навртки, исто така, може да се преземат со кликнување на долниот линк. Забелешка: Секој прирачник ги опишува сите опции и карактеристики кои се достапни за различни модели и системи за инфозабава.

Одредени описи, вклучително и описите на дисплеите и функциите на менито, може да не важат за вашето возило заради верзијата на моделот, спецификациите за поедини земји, посебна опрема или дополнителна опрема.