ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Подгответе се за технички преглед

Техничкиот преглед е важен за безбедноста на патот и одржување на вредноста. Официјалната контрола на возилата е задолжителна во сите земји, но насоките се секаде различни.
Opel сервисите можат да извршат проверка пред технички преглед и располагаат со техничка стручност за внимателно прегледување на возилата.

Еве што треба да се провери пред технички преглед:
 
Светла: проверете дали сите светла добро светат - предни, странични, задни, светлата за опасност, индикатори и светла за сопирачки. Замолете некој пријател да ви помогне околу светлата за сопирачки.
Регистарски таблички: проверете дали регистарските таблички се читки и чисти.
Фелни и гуми: проверете дали фелните и гумите се без некои оштетувања и дали дебелината на шарата е барем 2 mm и повеќе.
Ветробранско стакло: проверете дали на ветробранското стакло има оштетување поголемо од 10 mm пред возачот и 40 mm на остатокот од стаклото.
Бришачи: проверете дали на гумата од предните и задните бришачи има оштетувања или дупки. Тие треба да го одржуваат стаклото чисто.
Течност за стакло: наполнете го садот со течност за стакло пред техничкиот преглед – ако е празен, може да не поминете на тестот.
Гориво и моторно масло: проверете дали се во ред нивоата со гориво и моторно масло, бидејќи ќе им треба тоа на техничарите за да ги проверат нивоата на емисии на возилото.
Седишта и безбедносни појаси: сите појаси треба да бидат неоштетени и да се заклучуваат ако ги повлечете нагло. Возачкото седиште треба да се приспособува нанапред и наназад.
Свирка: проверете ја свирката со кратко притискање. Ако не работи, ќе треба да се поправи.
Сијалички на инструмент таблата: проверете дали сите ламбички се палат и гаснат кога ќе дадете контакт и проверете дали работи брзинометарот.
 
Ако имате потреба од дополнителна проверка пред техничкиот преглед, вашиот Opel сервис е тука за да ви помогне.