myOpel го носи возењето на Opel еден чекор понапред. myOpel може да ви ја олесни грижата за вашиот Opel, да ви достави индивидуализирани понуди за вашиот Opel, ви овозможува пристап до функциите на OpelConnect и многу повеќе.
Прилагодената услуга за нашите клиенти подразбира дека myOpel е совршен за секој кој вози Opel.
Да, користењето на myOpel е бесплатно за сите возачи на Opel.
Колку подобро ве познаваме вас и вашиот Opel, толку подобро можеме да ги прилагодиме нашите услуги и содржини само за вас. Само додадете го вашето возило во вашиот myOpel профил, вашите информации во делот "мој Профил", изберете го вашиот префериран дилер со Локаторот за дилери и кажете ни како да контактираме со вас.
Нашите понуди ќе ги најдете на страницата „Преглед“ веднаш откако ќе се пријавите. И ако сте ни дале некои информации за вашето возило и вашиот префериран сервисер, понудите кои ќе ги видите ќе бидат ексклузивно наменети за вас и вашиот Opel.
Нашите понуди можете да ги искористите кај секој Opel Сервисен партнер кој учествува во нив. Во Локаторот за дилери можете да го најдете најблискиот Opel сервис и да го зачувате на вашиот профил како префериран сервисер.
Потсетникот за сервис е алатка која ќе ве потсети ако треба наскоро да се изврши некоја проверка на вашето возило. Откако ќе се пријавите, само внесете го ИБВ (Идентификациски број на возило) од вашиот Opel и ние ќе ви кажеме кога доспеваат вашите сервиси.
Сè што ни треба е ИБВ (Иднтификациски број на возило) од вашето возило. Потоа ние ќе видиме кога треба да се сервисира вашиот Opel според тоа кога бил регистриран. Ако сакате да ја активирате оваа услуга, внесете го ИБВ кога ќе го додавате вашето возило на вашиот myOpel профил. Проверете дали сте ни дозволиле да ве контактираме така што ќе ги подесите деталите за контакт во делот "мој Профил".
Секој модел има различен сервисен интервал. Вие можете да ги најдете препораките за вашето возило во упатството за употреба на вашето возило. Доколку и понатаму не сте сигурни, обратете се на некој Opel дилер кој со задоволство ќе сака ви помогне .
Оваа онлајн алатка можете да ја користите за да закажете сервис кај авторизиран Opel сервисер. Можете однапред да ги информирате што му е потребно на вашето возило, за да бидат подготвени за вашата следна посета. Вашиот Opel сервисен партнер ќе ве контактира веднаш откако ќе го добие вашето барање за сервис.
Јавете се кај било кој Opel дилер во одделот за делови. Тие ќе нарачаат заменско упатство за вас. Дополнително, ние поставивме избрани упатства за користење на вашиот myOpel профил, во делот „Упатство за употреба“.
Контактирајте со одделот за делови кај било кој Opel дилер. Тие ќе ви помогат да го најдете тоа што ви треба. За дополнителна опрема, исто така, можете да проверите и во нашиот каталот за дополнителна опрема. Линкот до каталогот можете да најдете на страницата "Преглед", веднаш под вашите Opel понуди.
Ве молиме внесете ги сите информации во вашиот профил. Колку подобро ве познаваме вас и вашиот Opel, толку подобро можеме да ги прилагодиме нашите услуги и содржини само за вас.
Да, на еден профил може да се регистрираат до четири возила. За да ги отклучите сите функционалности што ги нуди myOpel, следниот пат кога ќе го посетите вашиот дилер побарајте да ја верифицира сопственоста на вашето возило.
Вашите податоци може да ги промените во делот "мој Профил", во паѓачкото мени под вашето корисничко име.
Ако го знаеме ИБВ од вашето возило, можеме да ги прилагодиме нашите услуги и понуди, бидејќи со тоа добиваме прецизни информации за вашиот Opel. Идентификацискиот број на возилото (ИБВ) ќе го најдете во документите за сопственост. Исто така, ИБВ може да се најде и на самото возило со проверка на контролната табла каде што се спојува со ветробранското стакло од страната на возачот или со проверка на долниот дел на рамката на вратата од страната на возачот, точно на местото каде што вратата ја покрива рамката.
Голем дел од податоците можат да се креираат од нашата база на податоци веднаш штом го внесете ИБВ од вашето возило. Нема потреба да трошите време за проверки на документи и внесување информации. По внесување на ИБВ, веднаш одете во „Детали за возило“, каде што ќе ги најдете сите детали за избраното возило.
Проверете дали е-поштата за активација можеби се наоѓа во "Junk" папката со непотребна пошта. Ако не е таму, обидете се да се пријавите и ќе ви се прикажат неколку опции под полињата за пријавување кои можете да ги изберете за да испратите повторно е-пошта за активација во вашето поштенско сандаче.
Ако сте ја заборавиле вашата озинка, можете да креирате нова со кликнување на копчето за Пријава на Почетната страница и потоа со избирање на линкот „Заборавена лозинка“.
Во секое време можете да го избришете вашиот профил, иако се надеваме дека не го сакате тоа. Можете да избришете одредени информации од делот "мој Профил", или можете да го деактивирате целиот myOpel Web профил. За да го направите ова, кликнете на копчето „Одјави се од myOpel Web“ во делот "мој Профил" и потврдете ја оваа активност. Деактивирањето на вашиот профил нема да ги промени вашите избрани поставки за комуникација. За да се откажете од можноста да бидете контактирани, треба да ги ажурирате вашите поставки за префериран начин на комуникација пред да ја изберете опцијата "Одјава од myOpel Web".
Со бришење на вашата претплата на myOpel Web, вашата претплата на myOpel App и - ако е применливо - вашиот профил на OpelConnect, нема да бидат избришани. За да го отстраните или деактивирате вашиот профил на myOpel App и/или OpelConnect, пријавете се директно со користење на истите акредитиви и следете ги упатствата на соодветната платформа.
За трајно да го избришете вашиот профил и сите поврзани податоци, ве молиме испратете е-пошта со ваше барање на: privacyrights-opel@mpsa.com.
Да. Ние ги пренесовме вашиот профил и деталите пријавување на новиот myOpel портал, така што можете да се пријавите како и вообичаено. Можеби ќе треба да креирате нова лозинка бидејќи ги ажуриравме нашите безбедносни правила.
Ако имате нова адреса за е-пошта или немате пристап до претходната адреса за е-пошта, но ја помните вашата лозинка, упатете се на делот "мој Профил", во паѓачкото мени веднаш под Вашето корисничко име и променете ја адресата за е-пошта. Ако не ја помните вашата лозинка и немате пристап до вашата стара е-пошта, ќе мора повторно да се регистрирате како член
Да, приватноста на податоците ја сваќаме многу сериозно. За детални информации за обработката на вашите податоци, погледнете ја нашата политика за приватност.
Сите информации релевантни за myOpel се чуваат во Европа.
Вашите информации ќе бидат безбедни и доверливи. За детални информации за обработката на вашите податоци, погледнете ја нашата политика за приватност.
Во основа, можноста за контактирање овозможува подобри услуги и понуди од нас. Колку повеќе знаеме за вас, толку подобро можеме да се грижиме за вашето возило.
Можете да се откажете од можност за комуницирање во секое време преку промена на поставките за комуникација во делот "мој Профил", кој можете да го најдете во паѓачкото мени веднаш под вашето корисничко име, и со отштиклирање на соодветната опција.
Одете во делот "мој Профил", кој можете да го најдете во паѓачкото мени веднаш под вашето корисничко име, и ќе ги видите прикажани вашите актуелни детали. Ажурирајте ги деталите, потоа изберете 'Зачувај' за да ги зачувате во вашиот профил.
OPEL Southeast Europe LLC
2040 Budaörs, Szabadság út 117
Унгарија
Е-пошта: cac@opel.com
Ако сè уште не сте избрале префериран дилер, направете го тоа така што ќе го следите потсетникот во страницата "Преглед" или со кликнување на делот "myDealer" во горното навигациско мени во вашиот myOpel профил. Таму имате можност да пребарувате според име на дилер, град или според вашата локација.